
Будва, балкански Лас Вегас за хомосексуалните парови
Црногорскиот, приморски град Будва, дефинитивно, стана најпопуларната дестинација за венчавки во регионот и тоа не само за хетеросексуални, туку и за хомосексуални бракови, објави српската Нова.
Законот за животното партнерство на лица од ист пол во Црна Гора стапил на сила на 15 јули 2021 година и оттогаш, според објавата, во Будва бракови склучуваат не само тамошните, туку и државјани на Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Русија, Украина, Чешка…
Препорачано
– Во првата, 2021 година, беа склучени четири партнерства, додека во 2022 година имаше уште 27 парови, кои пред нашите матичари го кажаа судбоносното „да“. Територијалната припадност и структурата на тие парови е различна. Склучувањето бракови помеѓу двојки од ист пол започна со еден пар од Србија. Две жени, државјанки на Србија склучија брак во летото 2021 година и со тоа ги поттикнаа и другите кои претходно за тоа само размислуваа. Сега ни доаѓаат парови од сите делови на Црна Гора, од Србија, а најмногу од странците се Руси, Украинци и Чеси – раскажала матичарката Жана Капа, која претходно венчала 30 истополовите парови.
Меѓу хомосексуалците, според неа, многу чести биле и национално мешани парови.
– Она што нас најмногу не интересира е документацијата, а судејќи по информативните јавувања од почетокот на годинава, изгледа дека бројот на истополови бракови значително ќе се зголеми во текот на оваа година. Од Србија многу често ни се јавуваат за да прашаат што од документите им е потребно бидејќи, веројатно мислат дека барем еден од партнерите мора да има наше државјанство, што не е неопходно – објаснила матичарката.
Најмногу венчавки, како што вели, имало во текот на летните месеци.
– Парови од Србија, кои не се во можност тоа да го сторат во својата земја, доаѓаат на одмор така што Будва им доаѓа нешто како Лас Вегас во Америка – венчавки набрзина. Некои од нив тоа го планираат и си ја носат документацијата додека некои, понесени од атмосферата, морето, сонцето… избрзано влегуваат во брачните води, токму како во филмовите – додала таа.
На сите истополови бракови, како што вели, најважна им е дискрецијата.
– Тие се уште не се осмелуваат да се венчаваат на отворен простор, да прават големи свадбени забави на плажи или во ресторанските бавчи, како што тоа хо прават хетеросексуалните парови. Најголемиот дел од нив се венчаваат во општинската зграда. Само еден пар, двајца мажи од подалечното странство имаше венчавка на отворено, на брод во близина на градот и тоа беше навистина убава церемонија – се потсетила матичарката.