Буџаку на средба со дебарскиот оперативен штаб

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Агрон Буџаку, попладнево престојуваше во Дебар.

Тој оствари средба со општинскиот Оперативен штаб, на која од страна на градоначалникот Хекурам Дука, кој раководи и со Штабот беше запознат околу работата и сите активности реализирани од страна на општините Дебар и Центар Жупа, во координација со ЦУК, во периодот на кризната сосотојба.

 

– Констатирано е дека соработката беше многу успешна, што се рефлектира на терен со стабилизација на состојбата. Општинскиот оперативен штаб искажа голема благодарност за придонесот на Буџаку за периодот кога Дебар минуваше низ тешката соостојба созадена од коронавирусот, информираат од оперативниот штаб.

Од таму додаваат дека е искажана заедничка надеж за повторна средба во подобри денови.

Инаку, вчера беше укината кризната состојба во Дебар и Центар Жупа, која беше прогласена на 13 март, кога од 13 регистрирани заболени од „ковид-19″ во државава, дури 11 беа од Дебар, од нив двајца од Центар Жупа.

Веќе единаесети ден нема новодијагностицирани со овој опасен вирус, од кого до сега заразени се 49 лица. Како што денеска информираше министерот за здравство Венко Филипче оздравени се уште 13 лица во Дебар, кои биле на домашно лекување. Со претходно оздравените 16 вкупната бројка се зголеми на 29 лица. За жал починати се четири лица, од нив тројца мажи од Дебар и жена од Центар Жупа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!