
Брз развој на Ирак каде што војната беснееше со години: Милијарди, кранови и пасош за 45 минути
Крановите доминираат на хоризонтот на Багдад додека звукот на градежната механизација одекнува низ градот. Имено, во ирачкиот главен град има градежен бум. Ирак изгледа постабилен од порано, што привлекува странски инвеститори и го преобликува главниот град. Ирачкиот премиер Мухамед ал-Судани изјави за Економист дека владата има големи планови за подобрување на услугите и инфраструктурата по години војна и нестабилност. Од октомври 2022 година, кога неговата влада ја презеде функцијата, во Багдад се изградени 20 нови мостови и надвозници за само 80 дена, според еден од неговите помошници.
Препорачано
Покрај тоа, отворени се најмалку четири нови болници, вклучувајќи го првиот специјализиран центар за рак во Ирак и болницата за интензивна нега, дизајнирани од Јужна Кореја. Понатаму, изградени се или реновирани повеќе од 1.600 училишта, а планирано е и отворање на шест луксузни хотели. Британскиот нафтен гигант „Бритиш Петролеум“ продолжи да работи во оваа земја, а се водат разговори и со уште два нафтени гиганти – „ЕксонМобил“ и „Шеврон“.
Причини за брз развој
Постојат неколку причини за овој ненадеен развој. Првенствено, тоа е подобрената безбедност. Всушност, од 2003 година, кога започна американската воена интервенција, Ирак никогаш не бил помирен. Реформите во банкарството се чинеше дека ги прават кредитите подостапни.
Приходите од нафта и градежништво порано одеа во Бејрут или Женева, но сега сè повеќе се трошат во Ирак. Премиерот Судани си постави задача да ги протурка јавните и приватните проекти низ бирократијата. Како што пишува „Економист“, тој често се однесува помалку како политичар, а повеќе како менаџер, разговарајќи со менаџерите по телефон и посетувајќи градилишта без најава. Тој е оној кој ги надгледува влијателните комитети кои можат брзо да одобрат проекти.
„Она што го правевме една или две години, сега го правиме одеднаш“, рече Намир ал-Акаби, претседател на „Амваџ“, една од најголемите компании за недвижности во Ирак. Но, напредокот не се случува само во овој град. Владата дигитализираше многу административни услуги. Ова резултираше со издавање пасоши за само 45 минути. Ирачките власти тврдат дека тоа е најбрзо во светот. До пред две години, годишниот приход од царина никогаш не надмина 900 милијарди ирачки динари. Се очекува дека оваа година ќе изнесува повеќе од три милијарди ирачки динари, прнесува Кликс.ба.