Брутално убиство пред полициска станица во Атина: Дошла да го пријави партнерот за насилство, ја избодел до смрт

Потресен настан се случи синоќа во Атина, кога 28-годишна жена беше избодена до смрт пред полициската станица Агиос Анаргири од страна нeјзиниот поранешен партнер.

Според грчките медиуми, таа отишла да го пријави, кога тој одеднаш се појавил и почнал да ја боде.

Младата жена раскрварена се приближила до вратата од полициската станица, а потоа починала.

Веднаш потоа напаѓачот си нанел убоди со нож и е пренесен во болница.

-Полицијата воопшто немаше време да направи ништо. Ја избодел кога излегла од полициското одделение, а потоа се прободел во вратот и бил фатен од полицијата“, изјави за Прототема сведок на инцидентот.

Според последните информации, девојката која во 2020 година побарала заштитни мерки за пријавување силување и тепање од човекот кој по 4 години ќе стане нејзин убиец, во понеделникот вечерта со пријателка отишла во полициска станица.

Таму, според истите информации, девојката не поднела пријава туку наводно и рекла „Се плашам“ на дежурната службеничка и побарала патролно возило за да ја однесе дома.

Но, според она што наводно го сведочела полицајката, таа ги известила 28-годишната и нејзината пријателка дека нема полициско возило на располагање и затоа им предложила да се јават на бројот за итни случаи 100.

Меѓутоа, кога 28-годишната излегла од полициската станица и додека според информациите се јавила на 100, го добила убиствениот напад од нејзиниот поранешен партнер, а операторот на итната линија слушнал што се случило пред полициската станица. Мажот со мотор и пришол на девојката и потоа таа почнала да трча кон одделот – односно назад на безбедно место – за да се спаси. 39-годишникот ја бркал и за жал ја стигнал и ја убил.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот