Фото: Инстаграм

Брутално искрена! Анабела не сака да се слушне со ќерка си: Ќе ја паметам онаа среќна Луна! (ФОТО)

Во една позната радио-емисија во Белград, денеска се вклучила и Анабела Атијас.

Водителот на емисијата ја прашувал за се што се случуваше во реалното шоу „Задруга“, каде учествуваше таа, нејзината ќерка Луна Џогани и поранешниот сопруг Гаги.

Фото: Инстаграм

– Искрено ништо ниту читав, ниту гледав. Јас скроз се исклучив од тие приказни и нејзиниот живот (Луна), бидејќи мислам дека и таа сакаше така. Слушам дека е среќна и мене ми е драго поради тоа. Очигледно сега не сме на иста бранова должина. Јас се изморив од тоа да ја убедувам во тоа дека сум добра мајка и дека ништо не сум криела. Фокусирана сум на ќерките на кои им требам и на кои сум добра.

– Уживам со децата, кумовите, пријателите. Нина се допишува со Луна, но не ја споменува. Јас ја замолив, она може да прави што сака, но јас сакав да се изолирам. Немаме никаков контакт, ќе ја паметам како Луна што ја сакам и ја познавам, ваква Луна не познавам. Немам желба да се слушнам со неа, се фокусирав на децата кои ме разбираат и ме сакаат – рекла Анабела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот