Ричард Данат/ Фото: KENZO TRIBOUILLARD / AFP / Profimedia

Британски генерал смета дека Русија ќе изврши „масовен артилериски напад“ врз Херсон

Поранешниот шеф на британската армија и генерал Ричард Данат предупреди дека Русија наскоро би можела да изврши „масовен артилериски напад“ врз Херсон, откако Русите претходно се повлекоа од стратешки важниот град. Данат рече дека ситуацијата во овој јужен украински град е „интересна“ и дека руските сили ја „изгубиле битката за него пред неколку месеци, а не пред неколку дена или недели“.

„Нивниот обид да стигнат до Одеса од Мариупол преку Херсон и Миколаев и да им се закануваат на Молдавија и Украина да го заземат целиот јужен брег пропадна пред неколку месеци“, рече Данат. Но, тој предупреди дека сега може да се очекува Русите да ги подготват своите одбранбени позиции што сè уште ги држат на источниот брег на Днепар. Тие лесно можат да го нападнат Херсон од нив.

„Се грижам дека жителите на Херсон, понесени од еуфоријата, сега ќе почнат да се движат низ градот како сè да е нормално. Но, мислам дека Русите ќе започнат напади врз градот кои ќе траат уште некое време“, тврди тој.

На прашањето што мисли за Путин да не оди на состанокот на Г20, Данат смета дека тоа никогаш не е опција за него. „Путин можеби мисли дека е храбар, но тешко дека би отишол таму и би се соочил со 19 други светски лидери“, вели Данат.

„Го испрати Лавров да си ја заврши работата. Би сакал да го пофалам Риши Сунак што кажа како стојат работите и отворено ги критикува Русија и Путин“, заклучи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот