Ли Брукфилд / Фото Твитер

Британски диџеј се снимал како уринира врз човек болен од рак, доби четиринаесет недели затвор

Ли Брукфилд, диџеј од Велс се изјасни за виновен за напад откако уринирал врз маж кој боледува од рак на 26 декември 2023 година. Брукфилд денеска беше осуден на 14 недели затвор. Питер Бартон му раскажал на Брукфилд (40) за неговите проблеми со простатата во тоалетите на тенискиот клуб Ланели, по што диџејот уринирал на грбот на постариот. Притоа тој снимил што прави и видеото го објавил на интернет.

„Обвинетиот влегол во тоалетот и разговарал со тужителот кој му кажал дека неодамна му бил дијагностициран рак на простата. После тоа, обвинетиот уринирал врз тужителот и објавил видео од инцидентот на интернет“, рече обвинителката Луси Менсфилд за време на судењето.

Бартон не знаел што се случило додека Брукфилд уринирал на неговата облека. За целиот настан дознал дури кога го видел објавеното видео. 40-годишниот диџеј и се извини на жртвата на суд и рече дека е згрозен од неговото однесување, пишува Скај њуз.

Со оглед на тоа што Брукфилд веднаш се изјасни за виновен, судот рече дека има право да си ја намали казната за една третина. Исто така, му било наредено да плати отштета од 500 фунти (околу 580 евра), трошоци од 85 фунти и доплата од 154 фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот