
Британија стреми кон намалување на легалната миграција
Британскиот министер за внатрешни работи Џејмс Клеверли денеска изјави дека британската влада е „целосно посветена на намалување на легалната миграција“, откако нето-миграцијата, или разликата меѓу бројот на имигранти и емигранти, достигна 672.000 луѓе од јуни 2022 година до крајот на јуни 2023 година.
Препорачано
„Мораме да го намалиме нашиот вкупен број со елиминирање на злоупотребата и експлоатацијата на нашиот визен систем од страна на бизнисите и поединците“, рече Клеверли.
„Владата работи на понатамошни мерки за спречување на експлоатација и манипулација со нашиот визен систем, вклучително и против оние кои ја користат флексибилноста на имиграцискиот систем“.
Рекордна нето миграција во Обединетото Кралство во 2022 година е повисока од очекуваната и изнесува 745.000 луѓе, според ревидираните бројки на Британската канцеларија за национална статистика објавени денеска. Во периодот од јуни 2022 до јуни 2023 година, нето миграцијата е 672.000 луѓе.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5