Фото: EPA-EFE/STRINGER

Британците тврдат дека руската армија поради загубите формира нови единици

Британското Министерство за одбрана во својот дневен извештај за ситуацијата во Украина пишува дека Кремљ на 18 април годинава објавил соопштение за посетата на рускиот претседател Владимир Путин на територијата на Украина под руска окупација, каде што ги посетил руските сили ДГФ во Днепар.

Ова е едно од првите споменувања за постоењето на ДГФ. Во исто време, руските власти на посебен начин го користеа терминот – сили, што укажува на голема оперативна формација организирана според конкретни задачи. Министерството додава дека на почетокот на инвазијата, руските сили биле организирани во групи распоредени според нивните матични воени области во Русија – на пример, западните и централните групи сили.

Постоењето на очигледно нов ДГФ сугерира дека првобитната организација на силите еволуирала, веројатно поради големи загуби. Мисијата на ДГФ најверојатно ќе се состои од одбрана на јужниот сектор на окупираната зона, особено на југозападниот дел кај реката Днепар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот