соја

Брисел планира да го блокира увозот на храна, прва на удар сојата третирана со пестициди

Европската Унија планира да го блокира увозот на одредени видови прехранбени производи кои не се произведуваат според европските стандарди, во обид да ги заштити европските земјоделски производители. Британски весник наведува дека оваа мерка потсетува на трговската политика што ја спроведува американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Ројтерс.

Седиштето на Европската комисија објави дека оваа недела ќе разгледа построги ограничувања за увоз на одредени прехранбени производи, потврдија тројца неименувани европски претставници запознаени со ова прашање, пишува „Фајненшл тајмс“. Според нив, првиот сет на мерки би можел да вклучи земјоделски производи од САД, како што се сојата што се одгледува со пестициди кои европските земјоделци не смеат да ги користат.

– Имаме многу јасни сигнали од парламентот и од земјите членки и од нашите земјоделци: сè што е забрането во ЕУ треба да се забрани, дури и да е увозен производ – рече комесарот за здравство Оливер Вархеј.

Како што е наведено, комисијата долго време се спротивставува на повиците на Франција и другите земји членки за реципрочен третман на американските санкции, тврдејќи дека тоа може да претставува кршење на правилата на Светската трговска организација, пренесува „Политика.рс“, додавајќи дека оваа организација дозволува само ограничувања врз основа на научни основи кои не го дискриминираат увозот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот