Фото: Brera Strumica/FB

Брера се подготвува за новата сезона: Струмичкиот клуб назначи поранешен репрезентативец за нов спортски директор

Oд редовите на Брера Струмица потврдија дека поранешниот македонски репрезентативец, Зоран Балдовалиев е назначен за нов спортски директор.

Балдовалиев во Брера пристигува со големо искуство зад себе и ќе се обиде да придонесе за подобри резултат во новата сезона.

,, Се заблагодарувам на раководството за укажаната чест да бидам спортски директор. Ќе се потрудам да дадам свој ангажман во остварување на целите на АП Брера Струмица за оваа сезона како што е овозможување услови за квалитетна работа и професионален развој на секој фудбалер во клубот со подобрување на нашата спортска инфраструктура по добивањето терени во Градско Балдовци . И понатаму како приоритет ни остануваат нашите младински школи кои имаат одличен потенцијал.

Она на што ќе работиме во иднина е мобилизација на струмички деца и градење на силна врска со локалната средина. Целта е да создадеме наши струмички фудбалери кои ќе играат во прва екипа со можност за кариера и во други клубови. Тоа не значи дека во втор план е сениорскиот состав на Брера кој ги започна подготовките во кој донесовме неколку засилувања“, изјави Балдовалиев

Новата сезона Брера ја започнува на 8 август против Силекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот