твитер

Борат се приклучи на Твитер и веднаш започна со шегите на сметка на Доналд Трамп! (ФОТО)

Борат Сагдиев, неконвенционалниот истражувачки новинар од Казахстан, се приклучи на Твитер пред објавувањето на неговиот втор филм подоцна оваа година.

Продолжението на Борат, насловено како Borat: Gift of Pornographic Monkey to Vice Premiere Mikhael Pence to Make Benefit Recently Diminished Nation of Kazakhstan, треба да биде достапно кон крајот на октомври, иако е најавено дека ќе биде прикажано на ден пред претседателските избори во САД.

Како дел од промоцијата на филмот Саша Барон Коен создаде профили за Борат на Твитер, но и на ТикТок, каде се пошегува дека е првиот Казахстанец на таа социјална мрежа. Во низата твитови што започна да ги објавува во петокот, Борат на потсмев го пофали претседателот Трамп, пишувајќи, меѓу другото, дека Трамп е посилен од 200.000 Американци кои веќе починале од коронавирусот, но исто така шпекулираше што прави американскиот претседател со течностите во телото.

Поради ограниченото разбирање на Борат на англиски јазик, беа создадени твитови како овој подолу.

Секако, Борат е творештво на британскиот комичар и актер Саша Барон Коен, кој е познат по своите критики кон Трамп, крајната десница, но и Марк Цукерберг.

Сметката на Твитер е создадена за промовирање на филмот и веќе собра повеќе од 44.000 следбеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот