Мирослав Богдановски
Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Богдановски се врати во Градскиот Инспекторат: Загадувачите ќе си имаат мака со нас!

Екс-пратеникот на ДОМ Мирослав Богдановски, кој даде оставка на функцијата минатиот месец, сега е повторно на чело на Инспекторатот на Град Скопје, кој за година ипол откако тој замина во пратеничките клупи, не беше многу активен.

Тој смета дека местото му е на терен, да лови загадувачи.

„Во 2019 година тука се работеше како никогаш порано, имавме 1800 напишани казни, се правеа вонредни инспекциски надзори, влегувавме на места каде порано „се било во ред“, во еден, два по полноќ, за викенди со ненајавени мерења, пишавме многу казни тогаш. Обезбедиме пари за работа на инспекторите, за обуки, за лабораторија“, вели Богдановски.

Богдановски најавува добра соработка со Државниот Инспекторат за животна средина, на чие чело се наоѓа Ана Петровска во откривањето на загадувачите. „Сега нема веќе кој да се оправдува дека нема ингеренции“, вели старо-новиот директор на Градскиот Инспекторат.

Сепак, тој вели дека постои проблем со тоа како судовите ги третираат документираните случаи на загадувачи кои ги прекршиле законите.

„Имаме голем проблем со Судот и не знам како тоа да го решиме. Наше е да утврдиме состојба, да покренеме прекршочен платен налог, кривична пријава, но понатаму е во рацете на судовите, а оттаму честопати несфатливо се враќаат и покрај добро образложените предмети, некојпат ни самиот судија не знае што и зошто бара при сите дадени докази. Мислам дека Судскиот Совет треба да направи една контрола како работат тие судии“, смета Богдановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот