Фото: Креирана илустрација

„БМВ“ се запали среде ноќ во Аеродром, огнот зафати и друго возило

Автомобил се запалил ноќеска на улицата „Владимир Комаров“ во Скопје, огнот зафатил и друго возило.

Според информациите, нема повредени во пожарот.

„Ноќеска во 03:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје настанал пожар на паркирано патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на Ј.Ј.(19) од Скопје, а од пожарот било оштетено и друго паркирано патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ж.П.(46) од Скопје, соопшти МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот