Воздушна пушка / Фото: архива / илустрација

Блескава акција на полицијата против нелегалното оружје – за две воздушни пушки кривична добија татко и син во Росоман

Уште една одлучна акција на полицијата против нелегалното оружје е крунисана со кривична пријава, соопшти МВР – татко и син ќе одговараат откако полицијата во нивниот дом во кавадаречкото село Росоман лани во март открила две воздушни пушки, сигнален пиштол и куршуми.

„ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против З.П.(57) и Б.П.(34), двајцата од с.Сирково, општина Росоман, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје и експлозивни материи“, казниво по член 396 став 1 од Кривичниот законик. На 18.03.2024, при претрес во нивниот дом и помошни простории во с.Сирково, извршен со содуска наредба, биле пронајдени и одземени две воздушни пушки, сигнален пиштол, куршуми различен калибар и други предмети“, пишува во полициското соопштение за успешната акција која ја докажува бескомпромисната и неселективна борба на МВР против криминалот од сите видови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот