Бизнис заедницата ќе појадува со премиерот

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), денеска го организира традиционалниот Деловен појадок со претседателот на Владата.

На  свечениот настан, во присуство на деловната заедница, ресорните министри, дипломатскиот кор, официјални обраќања ќе имаатпремиерот Зоран Заев и претседателката на ССК Данела Арсовска.

На настанот, како што најавуваат, ќе се дискутира за најзначајните економски прашања во функција на подобрување на секојдневното работење на компаниите и деловната клима во земјата. За таа цел, Сојузот подготви пакет од над 80 економски мерки од областа на измена на законска регулатива,  административни бариери и парафискални давачки, дигитализација и икт сектор, надворешна и внатрешна трговија, индустрија и градежништвото. Секоја од предложените мерки е утврдена согласно истакнати реални предизвици со кои се соочуваат компаниите, а врз основа на соодветна анализа, позитивни деловни практики и компаративни искуства во соодветната област.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!