Биткоин/ Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Биткоинот руши рекорди, надмина вредност од 120.000 долари – Трамп се прогласи за „криптопретседател“

Биткоинот за прв пат надмина вредност од 120.000 долари, што претставува голема пресвртница за најголемата криптовалута во светот, бидејќи инвеститорите сметаат на долгоочекуваните промени во политиката во корист на индустријата што се очекуваат оваа недела.

Почнувајќи од денес, Претставничкиот дом на САД ќе дебатира за серија закони што треба да ѝ обезбедат на дигиталната индустрија регулаторна рамка што долго време ја бара.

Овие барања беа поздравени од американскиот претседател Доналд Трамп, кој се нарече себеси „криптопретседател“ и ги повика законодавците да ги променат регулативите во корист на индустријата.

Брзото зголемување, кое доведе до пораст на биткоинот за 29 проценти од почетокот на годината, поттикна пошироки добивки кај другите криптовалути во последните недели, и покрај хаотичните трговски тарифи на Трамп.

Етерот, втората најголема криптовалута по пазарна капитализација, денес го достигна своето највисоко ниво за повеќе од пет месеци на 3.048,23 долари.

Вкупната пазарна вредност на секторот се искачи на околу 3,78 билиони долари, според CoinMarketCap

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот