
Бил и Хилари Клинтон на списокот на сведоци за случајот Епстин
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари се меѓу деветмина истакнати личности повикани да сведочат пред Конгресот за нивната поврзаност со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин, јавува Би-би-си.
Препорачано
Претседателот на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, републиканецот Џејмс Комер, испрати судски покани до Клинтонови, како и до поранешни и актуелни функционери од Министерството за правда од времето на администрациите на Обама, Трамп и Бајден.
Меѓу повиканите се и поранешните главни обвинители Џеф Сешнс и Вилијам Бар, како и поранешните директори на ФБИ Џејмс Коми и Роберт Милер.
Комитетот бара пристап до документи поврзани со истрагата против Епстајн, за кого федералните обвинители во 2019 година поднесоа обвинение за трговија со луѓе и сексуална експлоатација. Тој беше пронајден мртов во затвор истата година – случај кој официјално беше затворен како самоубиство, но предизвика бројни шпекулации и теории на заговор.
Според Комер, администрацијата на Трамп одлучила да не ги објави сите федерални документи за случајот, што предизвика незадоволство и кај некои либерали и дел од републиканците кои бараат целосна транспарентност.
Во ретко несогласување со Доналд Трамп, дел од републиканските конгресмени повикаа на подетална истрага. Според нив, јавноста има право да знае дали постои „список на клиенти“ и дали високи функционери биле вклучени или информирани за активностите на Епстајн.