
БГНЕС: Советникот на македонската претседателка, Жидас Даскаловски, 20 години има бугарско државјанство
Професорот Жидас Даскаловски, кој е советник за надворешна политика на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, е државјанин на Бугарија повеќе од 20 години, објави денеска бугарски „БГНЕС“.
Препорачано
Проф. Даскаловски добил бугарско државјанство по основ на семејно бугарско потекло во 2003 година, а пасошот го обновил во 2022 година, пишува бугарскиот медиум.
„Во последната деценија македонскиот професор употреби различни дефиниции за Бугарија – од „голем брат“ до „окупатор“. Пред потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка (2017), Даскаловски зборуваше за бугарски „нож во грбот на Македонија“, закани со вето итн. Тој денес ја брани идејата на премиерот Христијан Мицкоски за таканаречените „уставни измени со одложено дејство“, пишува „БГНЕС“.
„Нема ништо лошо во уставот да има Бугари, Црногорци, Хрвати, но да го правиме тоа така да не се лажеме, како што направивме со Грција, кога владата на Зоран Заев потпиша договор кој беше требаше да ги отвори вратите, но не. По оваа логика, да бидеме претпазливи, влезот направете го со таканаречено одложено дејство“, ја пренесува бугарскиот медиум изјавата на Даскаловски.
БГНЕС потсетува дека бугарското државјанство се добива врз основа на потврда за бугарско потекло. Секој кандидат мора да потпише изјава дека има бугарска национална самосвест.