Рафаел Гроси/ фото: МИА

Безбедноста на нуклеарката во Запорожје и натаму е кревка

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска во Киев изјави дека безбедноста на украинската нуклеарна централа Запорожје е сè уште кревка бидејќи Русија го намали персоналот откако ја зазеде.

Гроси за американските медиуми во Киев кажа дека за време на својата најнова посета на електраната, една од 10-те најголеми во светот, ќе го процени влијанието на намалувањето на персоналот.

Русија го забрани пристапот на вработените во Енергоатом, компанијата која управува со нуклеарните централи во Украина.

Гроси кажа дека некогаш во Запорожје биле вработени 12.000 лица, но дека таа бројка драстично е намалена на само две до три илјади.

-За да управувате со овие многу софистицирани големи инсталации, потребен ви е одреден број лица кои вршат различни специфични функции, рече Гроси.

Тој додаде дека сегашната состојба, иако деликатна, е стабилна и дека ќе мора лично да ги процени изгледите за работа на краток рок, но и на долг рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот