Приватен авион илустрација / Фото: Matthew Heinrichs / Alamy / Alamy / Profimedia

Безбедносна драма на литванското небо: Неидентификуван дрон го принуди претседателскиот авион да кружи

Воен транспортен авион C-27J Spartan од Литванија, кој превезуваше висока политичка делегација предводена од претседателот Гитанас Науседа, беше принуден да кружи над Вилнус поради неидентификуван дрон забележан во близина на аеродромот. Инцидентот, за кој извести јавниот сервис LRT, предизвика загриженост и ја стави безбедноста на највисоките државни функционери во опасност.

Додека авионот се приближуваше до аеродромот во Вилнус, екипажот добил информација дека во близина на пистата е присутен дрон, што го направило слетувањето небезбедно. Авионот бил принуден да кружи над предградијата на главниот град околу половина час, додека безбедносните служби не потврдиле дека опасноста е отстранета.

Иако инцидентот заврши без последици, тој отвори сериозни прашања за безбедноста на воздушниот простор и можностите за вакви прекршувања, наведуваат новинските агенции.

Литванската полиција и безбедносните служби ветија истрага за да се идентификува дронот и одговорното лице. Ова не е прв ваков случај во Литванија.

Сличен инцидент се случи и на 20 август, кога воздушниот сообраќај над главниот град беше прекинат околу 30 минути. Повторувањето на ваквите инциденти укажува на системски пропусти и ја истакнува ранливоста на аеродромската инфраструктура на напади со беспилотни летала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!