Безбедносни камери во Скопје / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

„Безбеден град“ освен во Скопје ќе профункционира и во Тетово и Куманово

Во Град Скопје, во општините Тетово и Куманово, како и долж коридорите „8“ и „10“ од 1 јануари 2026 ќе биде импленетиран проектот „Безбеден град, безбедна држава“. Се очекува до средината на наредната година да биде покриена целата територија на државава.

Ова денеска го соопшти Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Охрид на средбата со неговиот словенечки колега Боштјан Поклукар.

Информираше дека измените во законот за безбедност во сообраќајот и патиштата во кои се имплементирани одредбите за „Безбеден град“ вчера во Собранието го поминаа првото читање пред матичната комисија. Тошкоски порача дека со овој закон не се предвидува казнување на граѓаните со цел да се полни буџетот туку дека целта е да се спасат човечки животи.

-Целта на овој систем не е да бидат казнувани македонските граѓаните, целта на овој систем не е да се полни буџетот на Република Македонија, целта на овој систем е да се спаси барем еден човечки живот. Бројките се страшни. Во 2024 година имаме 142 жртви како последица на не почитување на сообраќајни правила и сообраќајни незгоди кои се случиле. Сигурен сум дека бреојките ќе се намалуваат со ставање на системот во фнкција, нагласи Тошковски.

Министерот порача дека контролите ќе продолжат и дека ќе ги заострат казните особено во рамките на Кривичниот законик, па освен парична казна ќе се изрекува и казна затвор и трајно одземање на возилата со кои се сторени кривичните дела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот