Фото: МИА

Без подолги задржувања на граничните премини

На граничните премини, од македонска страна, изутринава нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ потсетува на воведенеиот привремен режим на сообраќај во летниот период од 01.07. до 31.08. на државните патишта, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони, во петок и деновите од викендот, како и во деновите при екстремно високи температури.

Во деновите со екстремно високи температури, забранaта  важи и за деновите од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот