Берзанскиот гигант „Еуронекст“ ја купува Атинската берза

Најголемата европска берзанска група, „Еуронекст“, објави дека е подготвена да ја преземе Атинската берза (ATХЕКС) во договор вреден 412,8 милиони евра, преку размена на акции. Оваа понуда ја вреднува секоја акција на грчката берза на 7,14 евра.

Според условите на понудата, акционерите на Атинската берза ќе добијат по една акција на „Еуронекст“, чија вредност е 142,7 евра, за секои 20 обични акции на Грчката берза. Управниот одбор на Атинската берза едногласно ја поддржа понудата и потпиша договор за соработка со „Еуронекст“, според соопштението.

„Потенцијалната интеграција на Атинската берза во Eуронекст би ја зајакнала оперативната отпорност на локалниот пазар на капитал и би придонела за консолидација и хармонизација на европските пазари“, беше објаснето по повод оваа значајна трансакција.

„Интерсервис“ на Белградската берза Eуренекст веќе управува со берзи во Париз, Амстердам, Милано, Брисел, Лисабон, Даблин и Осло. Аквизицијата во Грција претставува продолжување на стратегијата за проширување на групацијата во Југоисточна Европа. Завршувањето на трансакцијата се очекува до крајот на 2025 година, со потребните одобренија од надлежните регулаторни тела, беше објавено на веб-страницата на Европската берзанска група. Важно е да се напомене дека Атинската берза нема да исплаќа дивиденди за 2024 година, ниту меѓуплаќања за 2025 година, без согласност на Eуронекст, објави Каматица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот