
Бериша: Европските народни партии да испратат мисија за испитување на изборните манипулации
Претседателот на најголемата опозициска Демократската партија, Сали Бериша, на денешното Парламентарно собрание на Европските народни партии, искажа огромна загриженост за политичката и институционалната состојба во Албанија, особено во врска со парламентарните избори одржани на 11 мај.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Бериша побара од Европските народни партии да испратат мисија за утврдување факти во Албанија за да ја испита ситуацијата и да собере докази за изборните манипулации и врските на владата со организираниот криминал.
„Таквата мисија би била од извонредно значење, не само за Албанија, туку и за вашите земји, бидејќи Албанија извезува не само криминал и дрога, туку и масовна емиграција“, нагласи Бериша.
Во својот говор, ја обвинил владата за масовна изборна манипулација.
Според него, целиот државен апарат се претворил во изборен корпус во служба на владејачката партија, додека владата користела неограничени финансиски и човечки ресурси за да влијае на резултатот.
Исто така, алармирал, за она што го нарекол „албанска нарко-држава“, обвинувајќи го премиерот Еди Рама, за масовно доделување лиценци за одгледување канабис и врски со меѓународни нарко-картели.
„Албанија е единствената нарко-држава во Европа. Нарко-картелите ги зазедоа пристаништата, имаат партнерства со полицијата, обвинителите, министрите и самиот премиер“, обвини Бериша.
Бериша претходно се изјасни дека не ги признава резултатите нарекувајќи ги изборни манипулации. Коалицијата предводена од Демократската партија освои 50 додека, партијата на Рама 83 од вкупно 140 пратенички места.
Убедлива победа на Рама, Бериша не успеа да се врати ниту со „волшебникот“ на Трамп