Илустративно фото: МИА

Башино село остана без вода, уапсени двајца кои со багер оштетиле доводна цевка

Во велешкото Башино Село вчера полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.И.(46) од с.Бузалково и М.Ј.(35) од Велес.

Тие биле затекнати со работна машина – багер при ископ на земја на ул.„Браќа Петковиќ” во с.Башино Село, со што предизвикале оштетување на водоводна инсталација, односно ја прекинале доводната цевка и настанал прекин во водоснабдување во селото.

Увид извршила екипа од СВР Велес, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот