Фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Барселона конечно пронајде нов клуб за Ансу Фати

Ансу Фати некогш беше голема надеж на Барселона и се најавуваше дури како наследник на Лионел Меси, но во Барселона никогаш не ги оправда очекувањата

Откако стана јасно дека е вишок во каталонскиот гигант и Барселона не смета на него, сега пронајде нов клуб. Фудбалерот се сели во Монако каде што ќе настапува на позајмица, а клубот ќе има можност да го откупи неговиот договор за 11 милиони евра.

Фати своевремено на почетоците од кариерата рушеше рекорди стана најмлад стрелец во историјата на Барселона во Ла Лига, исто така ја доби и легендарната „десетка“, но набрзо се соочи со повреди кои беа само дополнителен проблем во неговиот развој. Не се снајде најдобро ниту на позајмицат во Брајтон, а во Барселона минатата сезона настапи само на шест натпревари.

Сега во Монако добива нова прилика, а интересно е што клубот од Кнежеството пред неколку дена потпиша договор и со Пол Погба, уште еден фудбалер кој не ги исполни очекувањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот