Фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Барселона го врати од пензија, а Шчесни сега е на чекор од рекорд на Јохан Кројф

Војчех Шчесни пристигна во Барселона како принудно решение поради повредата на Марк Андре Тер Штеген, но на крајот се покажа како полн погодок за каталонскиот гигант.

Полскиот чувар на мрежата зад себе има одличен период, иако Барселона го врати практично од пензија која ја објави неколку месеци претходно. Од неговото деби во Купот на Шпанија против нисколигашот Барбастро тој е стандарден меѓу стативите и сега е на чекор да сруши рекорд на славниот Јохан Кројф.

Имено, Кројф во овој момент е најдобриот дебитант во историјата на Барселона, а рекордот го постави во 1973 кога клубот со него во составот врза 23 натпревари без пораз. Шчесни во овој момент е на 22 (19 победи и четири нерешени), па така веќе во следниот натпревар Полјакот ќе има можност да се израмни со една од најголемите легенди на Барселона.

Исто така 22 натпревари без пораз се најдобриот почеток на една календарска година за Барселона во нејзината историја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот