Фото: Miles Norris/instagram

Барса сака Американец кој доби отказ во НБА

Барселона е во потрага по засилување во кошаркарскиот тим, а најновата мета е Американецот Мајлс Норис, 25-годишно крило кое неодамна доби отказ од Бостон Селтикс.

Норис е играч кој главно настапуваше во развојната НБА лига. Минатата сезона одигра само три натпревари за Бостон, но во Џи-лигата имаше далеку подобри бројки. Во дресот на Мемфис Хасл бележеше 17,1 поени, 5,5 скокови и 38% успешност во шутот за три поени. Подоцна, во тимот на Мејн Селтикс, неговите просеци беа 14,5 поени, 6,2 скока и 39% за тројки.

Ова не би било негово прво европско искуство – во 2023 година накратко настапуваше за турскиот Бодрумспор, но одигра само четири средби без посериозно влијание.

Барселона верува дека со својата шутерска способност од далечина и атлетика, Норис би можел да се вклопи во европскиот стил и да донесе дополнителна длабочина во ростерот.

Останува да се види дали преговорите ќе завршат со потпис, или Американецот повторно ќе бара нова дестинација за продолжување на својата кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот