Лидерот на Хезболах, Шеик Наим Касем EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Барањето за разоружување е исто како да му служиме на Израел, вели лидерот на Хезболах

Лидерот на либанскиот Хезболах, Наим Касем, денеска изјави дека секое барање за разоружување на движењето претставува „служба на израелската агенда“. Тој го обвини американскиот претставник Томас Барак за „закани и заплашување“ со цел „помош на Израел“, пишува Ал Џезира.

Касем говореше по повод првата годишнина од убиството на командантот Фуад Шокр во израелски напад врз јужните предградија на Бејрут на 30 јули 2024 година.

Тој потврди дека прекинот на огнот, договорен преку посредство на САД, важи само за јужниот дел на Либан, околу реката Литани. Според договорот, Хезболах треба да се повлече од тој регион и да ја отстрани воената инфраструктура, додека либанската армија и мировниците на ОН ќе ја зголемат својата присутност. Израел, пак, ќе се повлече од јужен Либан, но ќе го задржи присуството на пет стратешки позиции.

Израелски власти ја нагласуваат потребата Хезболах да се разоружа и предупредуваат дека нападите ќе продолжат додека тоа не се случи.

Касем, од своја страна, повика да престане „агресијата“ и да не се бара разоружување кое би служело на Израел.

Либанската влада е под притисок од меѓународната заедница да се обврзе на разоружување на Хезболах, но условот за повлекување на Израел останува непроменет, што Вашингтон го одбива.

Премиерот Наваф Салам закажа состанок на кабинетот за следната недела за да го разгледа ова прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот