Балкански медиумски камион

Балканскиот медиумски камион ја започна турнејата низ 20 градови од Западен Балкан

Во Македонија ќе биде во Битола на 3-4 ноември, Гостивар 6-7 ноември, Штип 10-11 ноември, Скопје 13-14 ноември.

Балканскиот медиумски камион ја започна својата турнеја низ 20 градови во шест земји од Западен Балкан: Косово, Босна и Хецеговина, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија и Србија. Турнејата започна вчера и ќе трае до ноември.

Прва станица беше Призрен, а денеска е во Митровица, утре продолжува во Пеќ, а на 11 септември ја заокружува косовската турнеја во Приштина. Во Македонија ќе биде во: Битола на 3-4 ноември, Гостивар 6-7 ноември, Штип 10-11 ноември, Скопје 13-14 ноември.

Балканскиот медиумски камион, како што информираат организаторите, е патувачка платформа во рамките на која се истражуваат вести, слики и критичко размислување.

Балкански медиумски камион

„На секоја станица, камионот застанува на централни јавни простори и нуди проекции, квизови и разговори за тоа како настануваат информациите, како се споделуваат и како ги доживуваме. Можност да се собереме, да размениме мислења и да ги согледаме вестите од друга перспектива. Целта е да се поттикне критичко размислување, медиумска писменост и отворен дијалог за улогата на информациите и влијанието на дезинформациите во секојдневниот живот.

А зошто да зборуваме за медиумска и информациска писменост? Затоа што сите сме постојано изложени на најразлични вести – на социјалните мрежи, преку медиумите или едноставно на улица. Но како да знаеме што е вистина, што е преувеличување, а што е целосна измислица? Медиумската и информациската писменост ни помага да разликуваме факти од измислици, да разбереме како се создаваат вестите и да го зајакнеме критичкото размислување“ велат претставниците.

Балкански медиумски камион

Доколку сакате да дознаете повеќе, погледнете ја целата програма, говорниците, распоредот и локациите на следниов линк: https://balkan-voices.com/BALKAN-NEWS-TRUCK/ .

Балканскиот медиумски камион е иницијатива што ја спроведува CFI – Француската Агенција за развој на медиуми во партнерство со Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, а со поддршка на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, во рамките на проектот Shared Horizons.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот