
Баба се разбудила откако ја прогласиле за мртва: Лекарите за случајот објаснија „буквално се вратила од оној свет“
Возачот на итната помош слушнал тропање во мртовечницата и се преплашил кога го слушнал исплашениот глас на вработениот во мртовечницата како вика: „Бабо лежи, бабо биди мирна“.
Старицата Зинаида Кононова (81) имала операција на слепо црево, по што е прогласена за мртва. Нејзиното семејство набрзо е известено за нејзината смрт и почнале да го подготвуваат погребот. на 14. август околу 13 часот, бабата е префрлена во мртовечница во областа Курск.
Препорачано
Меѓутоа, речиси седум часа подоцна, во 8 часот утрото, вработен во мртовечницата бил шокиран кога ја затекнал Зинаида како лежи на подот, пренесува “Cdm.me”.
Се утврдило дека бабата сепак не е мртва и дека се обидела да стане од масата за обдукција, но паднала.
Возачот на итната помош слушнал тропање во мртовечницата и се преплашил кога го слушнал исплашениот глас на вработениот во мртовечницата како вика: „Бабо лежи, бабо биди мирна“.
Мислел дека вработениот полудел и дека почнал да разговара со мртвите луѓе, но кога влегол во просторијата и видел дека пензионерката го држи за рака и бара помош, се му било јасно.
Зинаида е префрлена на одделението за интензвина нега и нејзиноот семејство е известено дека е жива и дека дошло до грешка. Лекарите на семејството им рекле дека Зинаида била клинички мртва 15 минути, но дека „буквално се вратила од оној свет“.
Лекарот и анестезиологот на крајот признале дека Зинаида ја испратиле во мртовечницата час и 20 минути откако умрела, наместо два часа како што наложува процедурата. Во меѓувреме е префрлена на лекување во болницата во Курск.
Семејството планира да ја тужи болницата.
Несреќната пензионерка на крајот почина, но овој пат навистина, пет дена по „враќањето од мртвите“.