Азир Алиу Фото: Фејсбук

Азир Алиу им ги резервираше ВИП паркинг местата во „Лимак“ на директорите!

Од Кабинетот на министерот за здравство Азир Алиу денеска испратиле допис до вработените во сите клиники на Клинички центар „Мајка Тереза“ во кои  ги информираат дека од 300-те паркинг места што ќе се користат во „Лимак“, 100 кои се „вип паркинг места“ се резервирани за директорите. Во болниците вработените денеска добиле допис во кој има прашалник. Од нив се бара доколку сакаат да се паркираат во „Лимак“ да остават име презиме, телефон, број на регистарските таблички, позицијата на која работат и да ја наведат клиниката.

Прашалникот ќе биде достапен за пополнување од денес во 9 часот до петок во 9 часот.

По истекот на рокот, податоците ќе бидат анализирани, и директорите на установите ќе бидат информирани за резултатите и понатамошните чекори. Напоменуваме дека е неопходно заинтересираните вработени да реагираат веднаш, со цел да се обезбеди навремена и ефикасна распределба на паркинг местата. Исто така ве информираме дека 100 паркинг места се VIP паркинг места, и ќе бидат резервирани за директорите на клиниките Доколку бидат пријавени над 300 вработени од клиничкиот центар, селекцијата ќе оди прв дојден прв услужен (first come first serve), пишува во дописот.

Од Министерството за здравство за „Слободен печат“ појаснија, дека ако во 100-те паркинг места кои се „вип“ не се исполни квотата со директори, тогаш тие ќе им бидат достапни на останатите. Овие 100 вип-паркинг места влегуваат во тие 300 кои беа најавени. Значи, има 200 обични и 100 вип-паркинг места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот