Возачки дозволи/ Фото: МИА

Авто Испитен Центар реагира: Ако на кандидатите некој им побара мито веднаш да пријават кај надлежните

Авто Испитен Центар испрати реакција на сторијата објавена на Алсат која ја пренесе „Слободен печат“ во врска со обвинувањата дека кандидатите за возачка дозвола им плаќаат мито за да положат градско возење.

„Бројот на полагањата зависи од квалитетот на обуката и покажаното знаење од страна на кандидатите за време на спроведување на возачкиот испит кој се спроведува спроред законот за безбедност во сообраќајот, правилникот за проверка на знаењето на кандидатите за возачи и оценувачките листи објавени во Сл.Весник на РСМ.

Во случај кога кандидатот за возач не го положи возачкиот испит, има право на приговор до испитниот центар, во рок од 24 часа од спроведувањето на возачкиот испит кој го разгледува комисија составена од членови на МВР и МОН во соогласност со ЗБСП.

Возачкиот испит се снима со двострани камери кој овозможуваат видео и аудио запис и снимениот материјал се чува во испитниот центар 90 дена од спроведениот испит според ЗБСП.

Авто испитен центар, ги охрабрува сите кандидати ако навистина некој им бара мито, тоа да го пријават веднаш до надлежните институции, особено тргнувајќи од фактот дека нудењето и давањето на мито е кривично дело“, објавува Авто испитен центар во својот демант.

Пријава за мито при добивање возачка дозвола: Се плаќаат стотици евра за полагање на градско возење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот