Фото: Архива на „Слободен печат“

Австриски државјанин прегазил пензионер во Битола

71-годишен жител на Битола е тешко повреден откако бил удрен од автомобил кој го возел 57-годишен австриски државјанин.

„На 10.09.2025 во 10:46 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„4 Ноември“, ул.„Македонски Гемиџии“ и ул.„Солунска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со австриски национални ознаки, управувано од Џ.А.(57) од Австрија и велосипед, управуван од Т.Т.(71) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од екипа од СВР Битола“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот