Средба Нехамер-Зеленски во Киев/ Фото EPA-EFE/DRAGAN TATIC

Австрија го отфрли брзиот пристап на Украина до ЕУ

Австрискиот канцелар Карл Нехамер отворено го отфрли брзиот пристап на Украина во Европската унија, но го поддржа влезот на земјите од Западен Балкан во блокот, наведувајќи го влијанието на Кина, која, како што рече, развива се посилно присуство во регионот.

Нема да има „брза процедура“ за влез во ЕУ за земји како Украина, рече Нехамер во својот говор на Европскиот самит во Салцбург во неделата вечерта, објави локалниот весник „Кронен цајтунг“.

„Треба да има рамноправни услови за игра бидејќи Европската унија, исто така, мора да се сфати сериозно преку рамката за членство што ја поставува за себе“, рече Нехамер.

Тој додаде дека Виена ќе остане „силен и сигурен партнер на земјите од Западен Балкан во постигнувањето еднакви услови за членство во ЕУ“.

Нехамер се залагаше за најбрз можен прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ. „Австриските компании се меѓу најголемите инвеститори во регионот“, нагласи тој.

Тој смета дека „Кина во процес на развој на посилно присуство на Западен Балкан и Европа не треба да биде наивна пред оваа ситуација“.

Во Салцбург се одржува годишна конференција за актуелни европски теми кои се однесуваат на идните стратегии и предизвици за политиката и бизнисот. Конференцијата е во организација на Институтот за региони на Европа (ИРЕ), кој е основан во 2004 година, со цел да создаде форум на европски региони, општини и компании.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот