Знаме на Австралија / Фото: Rafael Ben-Ari/ Chameleons Eye / Avalon / Profimedia

Австралија инвестира 6,8 милијарди евра во бродоградилиште за изградба на нуклеарни подморници

Австралија ќе инвестира 12 милијарди долари (6,8 милијарди евра) за опремување на едно од своите бродоградилишта за изградба на флота од нуклеарни подморници, објави владата во Канбера, пишува Н1.

Министерот за одбрана Ричард Марлес изјави дека 12-те милијарди австралиски долари ќе бидат потрошени во текот на десет години за реновирање и подобрување на капацитетот на бродоградилиштето Хендерсон, во близина на Перт во Западна Австралија.

Австралија, Велика Британија и САД го потпишаа договорот Аукус во 2021 година, чија цел е да се спротивстави на растечкото влијание на Кина во Азиско-пацифичкиот регион.

Марлес изјави за „Скај њуз“ дека бродоградилиштето Хендерсон е клучен дел од договорот Аукус.

„Станува збор за тоа што Австралија треба да направи за да ја искористи оваа стратешка можност“, додаде министерот за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот