
Аврамовска-Мадиќ прво ги спаси ексфункционерите од затвор, а сега ги повикува обвинителството и судството да направат сѐ за да нема нови имиња на „црната листа“ на САД
За министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски додавањето на нови лица на американската црна листа е очекувано, а очекува на неа да се најдат и други лица.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Сите кои се занивмаваат со криминал, кои не придонесуваат за борбата против корупцијата, кои се судени, им се водени постапки, одлежале, кои направиле огромно богатство на територијата на државата, треба да се санкционираат. Очекувам дебата во Владата и да се донесат конретни мерки, на пример, да се донесе законска можност ваквите компании да не можат да учествуваат во јавни набавки во кои се исплаќаат јавни пари – рече Спасовски.
Заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска-Мадиќ, која ги истурка измените на Кривичниот законик со кој од затвор се спасија десетина функционери обвинети токму за корупција, пак, ги повика обвинителствата и судството да ги казнуваат криминалците.
– Најдобронамерно ги прифаќаме одлукитена САД, тие се наш стратешки партнер. Ги повикувам надлежните институции, обвинителството и судството, да разгледаат сѐ што е потребно и да помогнат да немаме нови имиња на листите. Институциите да се одважат, процесите да ги превенираат или да ги завршат – рече Аврамовска-Мадиќ.