Апсење на сопственикот на депонијата во Визбегово / Фото: Принтскрин - Сител ТВ

АВМУ го осуди нападот врз новинарската екипа на Алсат-М во Визбегово

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува физичкиот напад врз новинарската екипа на телевизија Алсат-М, која денеска го документираше пожарот кај депонијата во Визбегово.

„Безбедноста на новинарите претставува суштински предуслов за професионално и независно информирање, што пак е темел на правото на граѓаните да бидат точно, навремено и објективно информирани.

Неопходно е новинарите да имаат можност слободно и безбедно да ги извршуваат своите професионални обврски во интерес на јавноста и насилството врз медиумските работници, во каква било форма, е апсолутно неприфатливо и мора да биде јасно санкционирано“ се вели во реакцијата.

ЦУК: Пожарот во Визбегово се шири кон куќите, можна евакуација на жителите ако е потребно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот