
ГАЛЕРИЈА: Авантура со DEFENDER, локација Козјак
Авантуристичко дружење, природа што го одзема здивот, неоткриени патеки, автентични вкусови — се само неколку зборови кои го опишуваат овогодинешното несекојдневно искуство што Defender го приреди за гордите сопственици на автомобил од оваа британска марка, пријатели на Аутомобили Гроуп.
Defender е бренд со цел, поддршка за хероите кои секојдневно го прифаќаат невозможното и се борат за зачувување и заштита на природата. Оттука дестинацијата Козјак на работ на природниот резерват Јасен беше логичен избор за Defender авантура.
Препорачано
Моќната колона автомобили Defender, вистинска атракција низ градскиот сообраќаен метеж, смирено се упати кон првото зададено одредиште, каде ги пречекаa фасцинантен поглед кон езерото Козјак и топло добредојде од домаќините Кристина и Александар Христови во магичната атмосфера на Гризли Иглос.
Проектот на овие смели почитувачи на природата, сместен во срцето на Козјак, се состои од уникатни иновативни куполи, дизајнирани и изведени од македонски умови, кои овозможуваат доживување на спиење под отворено небо, капење на отворено, во комфор на современ дом и директен контакт со природните елементи — сето тоа без да се наруши природната рамнотежа на околината.
Овде, колоната автомобили Defender со ретка комбинација од екстремна цврстина и луксуз, заштитнички поставена кон погледот на езерото Козјак и недопрената природа на резерватот Јасен, како по дефиниција беше на свој терен.
Амбиентот природно наговести дека следува вистинска off-road авантура по неоткриени патеки на падините на Козјак. Овој дел беше дизајниран за уште подлабоко разбирање на можностите на Defender – стабилност, прецизна контрола и агилност на секој терен. Возењето понуди директна врска меѓу возачите, возилата и природата, демонстрирајќи го она по што овој луксузен теренец е препознатлив: иновација, издржливост и авантура.
По возбудливото возење, гостите пристигнаа во Планинскиот центар Гризли, продолжение на приказната за еколошка преродба, одржлив туризам и заедничка визија за подобро утре. Модерно уредено планинско прибежиште кое зрачи со топлина. Идеално место каде учесниците можеа да ги разменат впечатоците од возењето и совладаните предизвици по патот, уживајќи во поглед што го одзема здивот.
По целодневните активности, вљубениците во Defender, се препуштија на вистинско гастрономско патување, создадено од шеф Александра Атанасовска – нашата Alex Pucci. Мајсторка на фината кујна со богато искуство во ресторани со Мишелин ѕвезди, создаде амбиент на врвен ресторан во планинска куќа.
Со автентични вкусови од исклучиво локални и сезонски состојки, внимателно одбрани зачини и свежи билки од нејзината градина, виртуозно креираше кулинарско искуство дизајнирано да ги рефлектира вредностите на Defender: модерен луксуз, мајсторство, истражување, авантура и радост во живеењето.
Талентираниот саксофонист и музички автор Горан Папас ја надополнуваше Александра во нејзината уметничка приказна, исполнувајќи ја атмосферата со возвишена емоција со еден од најемотивните инструменти.
Defender ги поттикнува своите почитувачи да се препуштат на нови искуства и да изберат своја патека, а целодневното дружење на Козјак во суштина ја оствари целта — уникатни моменти што го надминуваат вообичаеното возачко искуство.