Фото: THIAGO PRUDENCIO / PROFIMEDIA

Атина ја укинува месечната казна од 1000 евра за невакцинираните

Казната во висина од 1000 евра од сега па натаму ќе нема да важи за граѓаните во Грција кои се над 60-годишна возраст и не се вакцинирани и тие во иднина нема да биде потребно да плаќаат  административен прекршок што беше воведена пред три месеци, со оглед на тоа дека привремено се укинува конкретната одлука на Владата.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис минатиот месец соопшти дека од 15 април привремено ќе се укине казната од 100 евра, а мерката одново ќе се разгледа во септември.

Мерката беше воведена на 16 јануари годинава и се однесува на граѓаните со наполнети 60 години кои не се вакцинирани и секој месец плаќаа казна по 100 евра.

За периодот од стапувањето во сила на мерката, заклучно со денеска, невакцинираните ќе треба да платат износ од вкупно 300 евра, меѓутоа, Плеврис, говорејќи за грчките медиуми во изминатите денови ја остави отворена можноста да се поништат веќе изречените казни, во случај невакцинираните да решат да се вакцинираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот