Фото: EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

САД санкционира, Иран буши: Пронајдена нова локација со огромни количества на нафта

Претседателот на Иран, Хасан Рохани, рече дека на југот од земјата е откриено ново пронаоѓалиште на нафта. Според проценките на иранските официјални лица, локацијата содржи над 50 милиони барели сирова нафта, пренесе „Б92“.

Со тоа, докажаните нафтени резерви на Иран значително се зголевуваат, а се проценува дека тие досега имаат околу 150 милиони барели сирова нафта.

Рохани наведе дека нафтеното поле богато со нафта е откриено во богатата провинција Хузестан, во време кога иранската енергентска индустрија се соочува со сериозни последици од американските санкции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот