Бернард Арно / Фото EPA-EFE/IAN LANGSDON

Арно задоволно ги трие рацете: ЛМВХ е прва европска компанија вредна 500 милијарди долари

Француската групација ЛМВХ, која стои зад брендовите како Луј Витон, Диор, Moeт&Шандон, стана првата европска компанија која достигна пазарна вредност од 500 милијарди долари.

Акциите на сопственикот Бернард Арно во понеделникот пораснаа за 0,3 отсто на 903,70 евра и достигнаа пазарна капитализација од 454 милијарди евра или 500,3 милијарди долари ако се земе предвид курсот на еврото во однос на доларот.

Токму поради ова, ЛМВХ стана единствената европска компанија меѓу првите десет светски компании со оваа пазарна вредност.

На оваа листа доминираат американски технолошки компании, предводени од Епл.

Кога станува збор за растот на ЛМВХ, Фајненшл тајмс пишува дека групата има корист од зајакнувањето на еврото, како и од подобрувањето на економските перспективи во Кина, која претставува најголем растечки пазар во секторот на луксузни стоки.

„Компанијата забележа зголемување на приходите од 17 отсто во првиот квартал благодарение на кинескиот пазар. LVMH максимално го користи одржливиот раст на побарувачката во Европа и Америка, истовремено искористувајќи ги придобивките од брзото и силно закрепнување на кинеската економија “, пишува Фајненшл тајмс, пренесува Кликс ба.

Кога станува збор за брендовите во групата, Луј Витон стана првиот луксузен бренд во светот кој во јануари објави годишен приход од над 20 милијарди евра.

Исто така, Диор во последните четири години четири пати ја зголеми продажбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот