Аргентина побара од Велика Британија нови преговори за Фокландските острови

Аргентинската влада побара од Обединетото Кралство повторно да почнат преговори за суверенитетот на Фокландските Острови, соопшти аргентинското Министерство за надворешни работи.

Фокландите или Малвинските острови, како што ги нарекуваат Аргентинците, се наоѓаат во јужниот дел на Атлантикот, на околу 600 километри од аргентинското копно.

Британските медиуми пренесуваат дека шефот на аргентинската дипломатија, Сантијаго Кафијеро, на средбата со неговиот британски колега Џејмс Клеверли за време на самитот на Г20 во Индија, „формулирал предлог за повторно почнување на преговорите за суверенитетот околу Фокландското прашање“, соопшти аргентинското Министерство за надворешни работи.

Аргентинската влада, исто така, ја повика Велика Британија да „одржи состанок за да се реши“ дебатата во Обединетите нации.

Од друга страна, британскиот министер Клеверли на својот профил на Твитер напиша: „Фокландските острови и припаѓаат на Велика Британија. Островјаните имаат право да одлучуваат за својата иднина – тие избраа да останат самоуправна прекуморска територија на Обединетото Кралство“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот