Палестинци во Газа /Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Арапската лига: Неприфатливо за арапскиот свет да се иселуваат Палестинците од нивната територија

Генералниот секретар на Арапската лига Ахмед Абул Геит изјавил дека е “неприфатливо за арапскиот свет” да се иселуваат Палестинците од нивната територија.

“Ние Арапите се бориме против оваа идеја 100 години и не сме подготвени да капитулираме сега”, изјавил Абул Гет на светскиот самит на владите во Дубаи како одговор на прашањето за инсистирањето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Палестинците го напуштат Појасот Газа.

“Денес фокусот е на Појасот Газа, а утре ќе биде на Западниот Брег со цел да се испразни историската Палестина од нејзините оригинални жители”, рече Абул Гејт.

“Ова е неприфатливо за арапскиот свет”, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот