Мигранти депортирани од САД/Фото: EPA-EFE/MIGUEL GUTIERREZ

Апелациониот суд ја блокираше одлуката на Трамп за депортирање на група Венецуелци

Американскиот федерален апелационен суд ја блокираше одлуката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за депортирање на група Венецуелци врз основа на закон стар два века, објавија денес американските медиуми.

Конзервативниот 5-ти окружен апелационен суд доцна синоќа пресуди дека не се случила странска инвазија опфатена со Законот за странски непријатели од 1798 година, објави Блумберг.

Со оваа одлука, најверојатно е подготвен теренот за конфронтација меѓу Трамп и застапниците за граѓански права пред Врховниот суд на САД, според агенцијата.

Пресудата се однесува на одлуката на Трамп да употреби воена состојба за депортирање на група мажи обвинети дека се членови на насилната банда Трен де Арагуа од Венецуела.

Претседателот тврдеше дека присуството на членови на оваа банда претставува „инвазија“ или „упад од странска држава“, како што е дефинирано со закон од пред два века.

Одлуката на судот доаѓа во време кога мерките на Трамп против недокументираните имигранти продолжуваат да се соочуваат со правни предизвици низ САД.

Одлуките на 5-тиот окружен суд се применуваат во неколку држави, вклучувајќи ги Тексас и Луизијана, каде што се притворени многу мигранти кои чекаат депортација, потсетува Блумберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!