
Антивоени протести во Загреб со поддршка за Украина
Пред руската Амбасада во Загреб денеска се одржаа два помали антивоени протести по повод рускиот напад врз Украина.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Неколку десетици граѓани, главно припадници на украинското национално малцинство, се собраа пред руската Амбасада за да изразат незадоволство од нападот врз Украина. Насобраните носеа украински и хрватски знамиња, пееја украински песни и извикуваа пораки против агресија.
На посебен собир пред руската Амбасада се собраа дваесетина антивоени активисти од неколку хрватски невладини организации. Меѓу другото, тие развија транспарент на кој пишуваше „Војната е злосторство против човештвото, Русија е агресор, а инвазијата на Украина е војна”.
Во знак на солидарност со граѓаните на Украина, загрепските фонтани и Вуковарската водна кула вечерва светеа во боите на украинското знаме, пренесе Бета.
Извор: Бета
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
10мин
-
21мин
-
35мин
-
47мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5