Фото: EPA-EFE/MONICA M. DAVEY

Анти-монополска тужба: „Гугл“ на удар на американската влада за наводни злоупотреби во пребарувачот

Министерството за правда на САД и уште 11 држави покренаа антимонополска тужба против „Гугл“ за кршење на законот, бидејќи компанијата ја искористила својата доминантна позиција на пазарот за да ги ограничи своите конкуренти, јавија американски медиуми, цитирајќи извори во Министерството.

Гугл, чиј пребарувач е толку широко користен, имаше приходи од 162 милијарди долари во 2019 година, што е повеќе од приходите на Унгарија.

Тужбата е покрената на десетина дена пред претседателските избори во САД и ова може да се смета како политички гест, бидејќи го исполнува ветувањето на претседателот Доналд Трамп пред неговите приврзаници да се побара одговорност од компаниите, кои наводно ги задушуваат конзервативните гласови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!