косово
Косово / Фото: Millenius / Alamy / Alamy / Profimedia

Анкета: Франција, Шпанија и Србија најмногу ја попречуваат европската интеграција на Косово

Франција, Шпанија и Србија се сметаат за земји кои најмногу го попречуваат Косово на патот кон европската интеграција, покажа истражувањето „Интеграција на Косово во Европската унија: перцепции на граѓаните на Косово“, спроведено од Приштинскиот институт за политички студии (ПИПС) и движењето Зборувај (ФОЉ).

Според резултатите од истражувањето, кои беа презентирани денеска, Германија се смета за главен поддржувач на Косово на интегративниот пат.

Околу 39 отсто од 1.200-те испитаници – од кои 800 Албанци, 200 Срби и 200 припадници на другите малцинства, во сите 38 општини – рекле дека веруваат оти Косово може да стане членка на ЕУ до 2030 година, додека 31 отсто веруваат дека тоа ќе се случи до 2025 година.

Дури 62 отсто од испитаниците не посетиле ниту една земја од Шенген зоната, додека 38 отсто сметаат дека нормализацијата на односите со Србија би му помогнало на Косово да се интегрира.

Испитаниците го гледаат премиерот Албин Курти како најподготвен и политичар со најголем придонес во однос на интеграцијата на Косово во ЕУ.

Правосудните институции испитаниците ги сметаат за најнеподготвени за интеграција во ЕУ, со 55 отсто, а ги следат политичките партии со 47 отсто.

На прашањето која политичка партија се смета за најподготвена да ги поттикне реформите на Косово кон ЕУ, најголем дел од испитаниците одговориле дека тоа е владејачката партија Самоопределување. Сепак, треба да се има предвид дека околу 46 отсто од испитаниците воопшто не сакале да зборуваат за политички партии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!