Весници во Франција / Фото EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Анкета: 71 процент од Французите се за федерална организација на државата

Повеќе од две третини од Французите – 71 процент ја поддржуваат идејата Франција да стане федерална држава,  се наведува во анкетата спроведена од  институтот Ифоп.

Според анкетата, 68 проценти од испитаниците веруваат дека локалните власти имаат „премалку моќ во споредба со државата“, што е зголемување од 18 поени во споредба со 2012 година, објави Фигаро.

Поддршката за децентрализација е особено изразена кај постарите граѓани, жителите на руралните средини и гласачите на лидерката на француската крајно десничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен.

Мнозинството испитаници – 73 проценти ја поддржуваат можноста регионите да ги прилагодат националните закони на локалните услови, додека 68 проценти се залагаат за нова прераспределба на големите региони со цел повеќе да се земат предвид културните и историските специфичности.

Анкетата, исто така, покажува дека 77 проценти од Французите го поддржуваат официјалното признавање на регионалните јазици, а 84 проценти го поддржуваат воведувањето на регионалната историја во училишната програма.

Речиси едногласно мнозинство – 90 проценти веруваат дека централната држава е „премногу оддалечена од локалната реалност“, додека 82 проценти оценуваат дека медиумите се „премногу фокусирани на Париз“.

Анкетата е спроведена онлајн од 11 до 25 јули на примерок од 2.000 граѓани постари од 18 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот